Информации

  • Возен ред

    Возен ред

    На автобуската станица се реализираат возни редови од меѓуопштински и меѓународен карактер. Од скопската автобуска станица се вози до сите општини во Република Македонија. Меѓународните возни редови опфаѓаат повеќе од 20 држави во сосетството и Европа. Возниот ред за државни празници е ист како и во недела.

  • Избор на превозник

    Избор на превозник

    Од скопската автобуска станица сите поголеми превозници во Република Македонија реализираат меѓународни или пак меѓуопштински возни редови. Поради тоа што до одредено место можат да возат поголем број на превозници патникот има апсолутно право да го избере превозникот со кој ќе патува.

  • Поплаки и предлози

    Поплаки и предлози

    Патникот своите поплаки, пофалби и предлози може да ги достави електронски на официјалната e-mail адреса или во писмена форма директно на раководителот на шалтерите. Потоа поплаката се доставува до соодветен сектор кој што треба да превземе соодветни мерки за да се разрешување на проблемот и да искомуницира со поднесителот на поплаката.

  • Нови возни редови

    Нови возни редови

    Министерството за Транспорт и врски еднаш годишно ги надополнува списокот на меѓуопштински и меѓународни возните редови согласно правилникот за нови возни редови. Превозниците го задржуваат правото за измена на возниот ред и истите ја одредуваат висината на цената за превозот.

Автобуска станица - Скопје

Инфо Центар

+389(0)2 2466 313
+389(0)2 2466 011
+389(0)2 2402 385 (факс)

Локација

ул. Никола Карев бр.20
Поштенски фах : 356

Емаил адреса

info@sas.com.mk